Историјат

Категорија: Информации
Посети: 4944

Про Зденка Кабли

 

“Pro Zdenka kabli” е фабрика за кабли од Неготино – Република Македонија. Основна дејност е конструирање, дизајнирање, производство, испитување, развој и продажба на каблови. 

Фирмата е основана во 1990 како “Zdenka  Negotino” – фабрика за кабли. Во почетокот се произведувале неколку видови на кабли. 

По инвестирањето во изградба на нова производна хала во Пепелиште – Неготино, капацитетот на производство и видовите на кабли драстично се зголемуваат.

Од 2011 фабриката се преименува во “Pro Zdenka Kabli” фабрика за кабли.

Во моментов, фабриката работи во две производни хали со вкупна површина од 7000м². Исто така се изработува проект за изградба на трета производна хала.

Квалитетот на нашите производи е резултатат на постојано усовршување на машините, уредите за испитување и сигурен компјутерски систем кој ги покрива сите фази од процесот. Во фабриката се извршуваат процеси кои се во дослух со политиката на квалитет:  комплетно исполнување на барањата на купувачите,  постојано подобрување на квалитетот на производите, усогласување на квалитетот на производите според барањата од стандардите, безбедна и навремена испорака на нашите производи до купувачите.

Фабриката за кабли “Pro Zdenka Kabli” имплементираше и го одржува системот за квалитет  ISO 9001:2008 одобрен од SIQ.

Нашиот производствен програм се состои од : 

- Флексибилни проводници

- Инсталациски кабли

- Енергетски кабли до 1kV

- Самоносечки кабелски снопови

- Голи проводници и јажиња

Покрај добивањето на сертификати од акредитирани институции, сите кабли се произведуваат според меѓународни стандарди како VDE, IEC, MKS, NF, HD, BDS.

70% од производниот капацитет на  “Pro Zdenka Kabli” е наменет за странскиот пазар (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Украина, Словенија, Бугарија), додека  30% се наменети за домашниот пазар.